Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 161.835 статии на македонски јазик и 378 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 29 мај 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1453  Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Цариград, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување.
1953  Едмунд Хилари и шерпасот Тенцинг Норгај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри.
1996  Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.
1996  Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт (ЦЕМТ).

Родени:

1439  Пиј IIIримски папа.
1489  Мимар Синан — прочуен отомански архитект.
1917  Џон Кенедипретседател на САД.
1923  Олга Спиридоновиќ — југословенска театарска и филмска глумици.
1928  Фреди Ред — американски џез-музичар.
1929  Питер Хигс — британски теоретски физичар, познат по фундаменталната честичка Хигсов бозон, наречена и „божја честичка“.
1927  Димитрие Османли — македонски филмски и театарски режисер.
1934  Есад Бајрам — македонски поет.
1935  Боро Драшковиќ — српски режисер, сценарист и универзитетски професор.
1937  Ирмин Шмит — германски рок-музичар.
1940  Таихо Коки — јапонски сумо-борач.
1958  Марина Перазиќ — југословенска и хрватска поп-пејачка.
1965  Саша Митрев — македонски универзитетски професор.
1967  Ноел Галагер — англиски рок-музичар, член на групата „Оејзис“.
1970  Роберто ди Матео — италијански фудбалер и тренер.
1971  Зоран Витанов — македонски политичар и економист.
1971  Габриела Конеска Трајковска — вицепремиер на Македонија.
1976  Џенифер Капријати — американска тенисерка.
1977  Масимо Амброзини — италијански фудбалер.
1980  Антон Рјаков — узбекистански кану-спринтер.
1981  Андреј Аршавин — руски фудбалер.
1984  Кармело Ентони — американски кошаркар.
1990  Тибо Пино — француски велосипедист.
1991  Аријан Адеми — хрватско-македонски фудбалер со албанско потекло.
1995  Никола Пепефудбалер од Брегот на слоновата коска.
1998  Остин Ривс — американски кошаркар.
1999  Виталиј Миколенко — украински фудбалер

Починале:

1453  Константин XI Палеолог — последниот римски (византиски) цар.
1979  Мери Пикфорд — канадско-американска филмска глумица.
1982  Роми Шнајдер — австриска филмска глумица.
1997  Џеф Бакли — американски рок-музичар.
2014  Миљенко Прохаска — хрватски композитор, музички продуцент и диригент.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Образбата „Херкулова тојага“ во Ојцовскиот национален парк, јужна Полска.
Дали сте знаеле...


Сатуа на божицата Хигија
Сатуа на божицата Хигија


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 161.835 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич