Прејди на содржината

Прљаво казалиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прљаво казалиште
Прљаво казалиште на настап во 2017 г.
Биографски податоци
ПотеклоЗагреб, Хрватска
Жанрови
Период на активност1977–present
ИздавачиЈуготон, Сузи, Црно Бјели Свијет Рекордс, Интерсервис, Кроатиа Рекордс, Далас Рекордс, Хит Рекордс
СоработнициПарни Ваљак, Дориан греј, ZOK, Патрола, ITD Band
Членови
Јасенко Хоура
Младен Бодалец
Дамир Липошек
Федор Боиќ
Марко Карачиќ
Марко Лазариќ

Прљаво казалиштехрватска рок-група основана во 1977 година во Дубрава, предградие на Загреб. Тој е еден од најпопуларните музички бендови во Хрватска и има оставено забележителен белег на хрватската популарна култура и музика.

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Бендот „Прљаво казалиште“ бил основан во 1977 година во Загреб, во населбата Дубрава. Јасенко Хоура се приклучил на бендот наречен „Цифершлус“, кој во тоа време го сочинувале Даворин Боговиќ (вокал), Зоран Цветковиќ - Зок (главна гитара), Нинослав Храстек - Нино (бас гитара) и Тихомир Филеш (тапани). Набрзо по придружувањето на Хоура, го промениле името во „Прљаво казалиште“.[1] Бендот го добил името по една епизода од популарниот стрип во тоа време, „Алан Форд“[2] (Епизода BROADWAY/ Алан Форд бр. 99). Првото име што го земале предвид членовите било „Заразни болести“.

Во своите рани денови, „Прљаво казалиште“ биле панк бенд, иако се стремеле да звучат како британскиот рок бенд „Ролинг стоунс“, чиишто биле големи обожаватели. Својот прв настап го имале во 1978 година на концерт организиран од списанието „Полет“, каде што се покажале како жесток панк бенд.

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Периодот со Даворин Боговиќ

[уреди | уреди извор]

Даворин Боговиќ настапувал со „Прљаво казалиште“ како нивен основач од 1977 до 1983 година. Во тој период, тој снимил два сингла и три студиски албуми.

Во 1978 година, тие потпишале договор со издавачката куќа Југотон и го издале својот прв материјал истата година. Синглот насловен како „Телевизори“ содржи три песни: „Телевизори“, „Мајка“ и „Мое детство“. Продуцент бил Ведран Божиќ, а сите членови на бендот биле наведени како автори.

Вториот сингл бил издаден во 1979 година, на кој се наоѓаат две композиции „Татко ми беше во војна“ (автори: Јасенко Хоура, Зоран Цветковиќ) и „Ноќ“ (автори Јасенко Хоура). Истата година го издале својот прв студиски албум, „Прљаво казалиште“, кој со својот панк стил и тешки текстови предизвикал бојкот на државните медиуми во тогашното социјалистичко општество . Продуцент на албумот бил Иван Пико Станчиќ, од издавачката куќа „Сузи“. По објавувањето на албумот, Зоран Цветковиќ го напуштил бендот и бил заменет со Маријан Бркиќ.

Издавачката куќа „Сузи“ го издала својот следен албум, „Црно-бели свет“, во 1980 година. Продуцент на материјалот повторни бил Пико Станчиќ, а албумот содржи неколку големи хитови што бендот ги изведува и денес, имено; „17 ти је година тек“, „Загреб“, „Модерна девојка“, „Црно бели свет“ и последната песна од албумот „Ми плешемо“. Албумот се продал во над 200.000 примероци и го покажал големиот потенцијал на бендот. Сепак, по објавувањето на албумот „Црно-бели свет“, Даворин Боговиќ го напуштил бендот поради несогласувања.

Нивниот трет студиски албум, Heroj ulice, бил издаден во 1981 година од издавачката куќа „Сузи“. Песните биле напишани и испеани од Јасенко Хоура. За разлика од претходните албуми, кои биле снимени во CBS Studios во Милано, материјалот бил снимен во студиото „Фергер“ во Шведска . Песната „Херој улице“ станала нивниот најголем хит, додека албумот бил нивното најзрело дело. Продуцент бил Тихомир Варга, а музички гости биле Јане Густафсон на саксофон, Мирослав Буданко-Ајзиќ на перкусии и Сјуне Фергер на конги во песната „Америка“.

Во 1983 година го издале албумот „Корак од сна“. Две години подоцна, Даворин Боговиќ се вратил во бендот со кој го снимил последниот албум со групата. Албумот „Корак од сна“ бил обележан со песните „Sve je lako kad si mlad“ (Сè е лесно кога си млад) и „Korak od sna“ (Чекор од сон), во кои на свој уникатен начин го изразиле своето почитување кон легендарниот холивудски актер Монтгомери Клифт.

Периодот со Младен Бодалец

[уреди | уреди извор]
Младен Бодалец и Јасенко Хоура, 16.05.2009 година во Славонски Брод .

Младен Бодалец пеел како придружен вокал на албумот „Korak od sna“ (заедно со Зденко Ковачичек),[3] а откако Даворин Боговиќ го напуштил бендот, тој го преземал неговото место. Од тој период до денес, тој има снимено десет студиски албуми и три албуми во живо со „Прљаво казалиште“.

Албумот „Zlatne godine“ бил издаден во 1985 година. Тој е првиот албум на кој се појавил Младен Бодалец и првиот што го издал Југотон. Со издавањето на албумот, тие постигнале голема популарност низ цела поранешна Југославија. Концертите биле посетени во голем број и нивните плочи се продавале масовно. Најголемите промени во материјалот биле враќањето на побрз ритам како во песните „Златни години“, „Не зови мама доктора“ и „Сладолед“, а песната „Ма кога ме Бога за тебе питају“ останува една од најпознатите балади до ден-денес. Ова е периодот кога Прљаво казалиште прераснал во комерцијален бенд на хрватската музичка сцена.

Во 1988 година, бил издаден контроверзниот албум „Zaustavite Zemlju, од издавачката куќа „Suzy“. Тоа е еден од нивните најважни албуми и ја содржи култната песна „Мојој мајци“, која Хоура ја напишал по повод смртта на неговата мајка. Песната станала хит поради стихот „задња ружа Хрватска“, кој во тоа време предизвикал голем национален набој. По објавувањето на албумот, започнала музичка турнеја во Америка, Канада, Швајцарија, Германија, Австралија, Австрија, Шведска и други европски земји, кои масовно биле посетувани од луѓе кои носеле хрватски знамиња. Во тоа време, претходниот гитарист Маријан Бркиќ го напуштил бендот, со што бил заменет од Дамир Липошек. Турнејата го достигнала својот врв на 17 октомври 1989 година, на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб (тогашен Плоштад на Републиката), каде што се собрале повеќе од 250.000 посетители. Концертот требало да биде забранет, но она што членовите на бендот Прљаво казалиште го извеле таа вечер ги надминало сите очекувања.[4] Оваа исклучително успешна турнеја била придружена со издавање на двоен албум. албум во живо, „Sve je lako kad si mlad – live“, издаден во 1989 година од издавачката куќа „Сузи“, а содржи материјал снимен во Дом Спортова во ноември 1988 година.

Антивоен и емотивно набиен албум насловен како „Devedeseta“ бил издаден во 1990 година, од издавачката куќа „Сузи“. Продуциран е од Мате Дошен, а придружените вокали ги пеат Даворин Боговиќ и Весна Дошен. Во бендот е вклучен и новиот клавијатурист, Младен Рошко. За време хрватската војна за независност, бендот често свирел во странски земји.

Албумот „Lupi petama...“ бил снимен со новиот клавијатурист Федор Боиќ (поранешен член на бендот ITD). Овој материјал, Прљаво казалиште го посветил на војната и многуте жртви што загинаа во неа, особено со песната „Lupi petama i reci evo sve za Hrvatsku“. Покрај оваа песна, албумот е обележан и со „Pet dana ratujem, subotom se zaljubljujem“, „Kiše jesenje“ и „Uzalud vam trud svirači“, која е снимена заедно со тамбуршката група Тена од Винковци. Тие патувале низ Северна Америка и Европа на музичка турнеја, завршувајќи на 27 декември 1994 година во Долац во Загреб, каде што направиле концерт со над 70.000 посетители. Концертот бил снимен на ЦД со наслов „Božićni koncert“ и бил издаден од издавачката куќа CBS.

Во 1996 година, тие го издале својот студиски албум „S vremena na vrijeme“, издаден од издавачката куќа Croatia Records. Материјалот бил снимен во Лондон, а Мел Гејнор, поранешен тапанар на бендот Simple Minds, свирел како гостин. Тие одржале концерт во концертната сала „Ватрослав Лисински“ по повод 20-годишнината од основањето на бендот, каде што настапиле со симфониски оркестар и многу музички гости од хрватската сцена. Концертот бил снимен на ЦД со наслов „XX godina“ .

Албумот „Dani ponosa i slave“ бил издаден од Croatia Records во 1998 година. Албумот се осврнува на старите љубови, младоста и растењето. По објавувањето на албумот, „Прљаво казалиште“ се повлекоа од хрватската сцена на некое време. Во 2001 година бил издаден бокс сет од четири ЦД-а насловен Sve je lako kad si mlad '77-'99, кој вклучуваше авторизирана биографија на бендот и нивните најголеми хитови објавени дотогаш. Во тоа време, Дамир Липошек и Федор Боиќ го напуштија бендот, а биле заменети со Златко Бебек и Јурица Лајкауф.

На 21 јуни 2003 година, тие го издадоа студискиот албум Radio Dubrava“ за Dallas Records. „Превише суза у мом пиву“ станал голем хит, а бендот тргнал на уште една многу успешна турнеја.

Во 2004 година, „Прљаво казалиште“ одржале турнеја заедно со хрватскиот музичар Мирослав Шкор, која завршила со концерт во Загребскиот дом Спортова, каде што Хоура го најавил издавањето на нов студиски албум.

Албумот „Moj dom je Hrvatska“ бил издаден на 11 ноември 2005 година од Dallas Records. Материјалот, како и на претходните албуми, се состои од социјални теми, кои, поради карактеристичниот звук на „Прљаво казалиште“, варираат од хард рок до љубовни балади. Интересно е што насловната песна била искористена во реклама за време на Светското првенство.

Нивниот тринаесетти албум по ред бил издаден во октомври 2008 година под името Tajno ime, а го издаде Croatia Records. Се карактеризира со жесток гитарски звук и силни текстови, кои зборуваат за љубовта и носталгијата од 1980-тите. Посебна карактеристика на овој албум е тоа што може да се купи како двоен ЛП албум.[5]

Хронологија на настаните

[уреди | уреди извор]
  • Во 1978 година, групата го снимил својот прв макси сингл, Televizori/Majka/Moje djetinjstvo. По ова следеле нивните први настапи и формирањето на хрватската new wave сцена.
  • Во 1979 година следел нивниот дискографски проект, албумот наречен „Prljavo kazalište“, кој според критичарите е најдобриот деби албум во историјата на домашниот рок.
  • Во 1980 година, бил издаден најпродаваниот албум на групата, „Crno-bijeli svijet“, продаден во 200.000 примероци, во кој Јасенко Хоура користи „ска“ стил на музика во некој од песните.
  • Во 1981 година бил издаден албумот „Heroj ulice“, кој се смета за најзрел албум на групата, во кој авторот и текстописец Јасенко Хоура ги напишал и ги отпеал сите песни. За разлика од претходниот албум, кој бил снимен во студијата на CBS во Милано, овој проект бил снимен во 1981 година во студиото „Ferger“ во Шведска.
  • Во 1983 година, по двегодишна пауза од пишување песни, групата го издал албумот „Korak od sna“ преку издавачката куќа CBS. Ова бил последниот албум испеан од Даворин Боговиќ.
  • 1985. албум „Zlatne godine“. Ова е периодот кога групата прераснала во комерцијален (со продажба на албуми, концерти, турнеи) и авторски феномен на хрватската музичка сцена. Ова е воедно и првиот албум што го отпеа Младен Бодалец.
  • Во 1988 година, групата го одржала тригодишното темпо на издавање албуми и го издала албумот „Zaustavite Zemlju“.
  • Во 1989 година, концертот одржан на 17 октомври на тогашниот Плоштад на Републиката (денешен плоштад Бан Јелачиќ) наречен „Voljenom gradu“ (или „Zabranjeni koncert“) на кои се собрале помеѓу 200 и 300 илјади обожаватели.
  • Во 1990 година излегол албумот Devedeseta, со некои од најголемите хитови во историјата на групата, како што се "Pisma ljubavna", "Na Badnje veče" i "Oprostio mi bog, mogla bi i ti"
  • 1993. Прљаво казалиште го издаваат албумот „Lupi petama...“ кој е бестселер на групата, албум на повоена носталгија и тага за изгубените пријатели, домови и родители.
  • Во 1995 година, концертната турнеја која вклучувала турнеи низ Австралија, Германија, Швајцарија и Словенија завршила на 27 декември 1994 година, со невиден спектакл на пазарот Долац, на околу стотина метри од централниот плоштад во Загреб, во услови што речиси го оневозможиле одржувањето на концерт. Božićni koncert го организирала германската организација за човекови права „Internationale Gesellschaft fur Menschenrechte“, со седиште во Франкфурт, и бил снимен на аудио и видео материјали.
  • Во 1996 година, бил издаден албумот „S vremena na vrijeme“, продаден во повеќе од 50.000 примероци, а промотивниот концерт по повод годишнината од 1998 година се одржа пред повеќе од 120.000 луѓе.
  • Во 1997 година, тие одржале концерт во концертната сала „Ватрослав Лисински“ по повод 20-годишнината од основањето на бендот, каде што настапиле со симфониски оркестар и многу музички гости од хрватската сцена. Меѓу гостите беше и поранешниот член на бендот Зоран Зок Цветковиќ.
  • 1999. Албумот „ Dani ponosa i slave“, кој, како и претходниот, бил продаван во златна ознака.
  • Албумот од 2003 година „Radio Dubrava“, кој означувал враќање кон солидниот стил и препознатливиот звук на најголемата хрватска рок-група на сите времиња
  • Во 2005 година беше издаден студискиот албум на групата, насловен како „Moj dom je Hrvatska“, кој добил едногласни пофалби и од публиката и од критичарите, а рефрените на истоимената песна од тој албум биле искористени за рекламни цели за време на Светското првенство.
  • На почетокот на јануари 2009 година, бил издаден компилациски албум со песни во живо, „Best of – live“. Истата година, тие ја прославија својата триесетгодишнина со концерт одржан на 17 јануари во Загрепската арена. Поранешните членови Даворин Боговиќ и Маријан Бркиќ, исто така, настапиле како гости на концертот. Снимките од овој концерт биле издадени од Croatia Records на CD и DVD под наслов XXX godina.

Членови на бендот

[уреди | уреди извор]
Тековни членови
  • Јасенко „Џаџо“ Хоура – ритмичка гитара, придружен вокал, текстописец (1977–денес)
  • Младен „Мак“ Бодалец – главен вокал (1985 – денес)
  • Дамир „Кекс“ Липошек – водечка гитара, акустична гитара (1989 – 2001, 2013 – денес)
  • Федор „Феџо“ Боиќ – клавијатури (1993 – 2001, 2020 - денес)
  • Марко Карачиќ – бас гитара (2018 – денес)
  • Марко Лазариќ – тапани (2023 – денес)
Поранешни членови
  • Зоран „Зок“ Цветковиќ – соло гитара, акустична гитара (1977 – 1979)
  • Даворин Боговиќ – главен вокал (1977 – 1981, 1983 – 1985)
  • Младен „Роки“ Рошко – клавијатури (1989 – 1990)
  • Маријан „Брк“ Бркиќ – главна гитара, акустична гитара (1979 – 1989)
  • Марио Зидар – соло гитара, акустична гитара (2008 – 2013)
  • Нинослав „Нино“ Храстек – бас гитара (1977 – 2006)
  • Дубравко „Дудо“ Ворих – бас гитара (2008 – 2018)
  • Златко „Беба“ Бебек – соло гитара, акустична гитара (2001 – 2006)
  • Марко Крижан – саксофон (1993 – 2014)
  • Ивица „Јвек“ Премелч – саксофон (гостин)
  • Јурика Лајкауф – клавијатури (2001 – 2020)
  • Тихомир „Филко“ Филеш – тапани (1977 – 2022)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  1. Prljavo kazalište, Suzy, 1979.
  2. Crno-bijeli svijet, Suzy, 1980.
  3. Heroj ulice, Suzy, 1981.
  4. Korak od sna, Suzy, 1983.
  5. Zlatne godine, Jugoton, 1985.
  6. Zaustavite Zemlju, Suzy, 1988.
  7. Devedeseta, Suzy, 1990.
  8. Lupi petama,...., CBS, 1993.
  9. S vremena na vrijeme, Croatia Records, 1996.
  10. Dani ponosa i slave, Croatia Records, 1998.
  11. Radio Dubrava, Dallas Records, 2003.
  12. Moj dom je Hrvatska, Dallas Records, 2005.
  13. Tajno ime, Croatia Records, 2008.
  14. Možda dogodine, Croatia Records, 2012.

Концертни албуми

[уреди | уреди извор]
  1. Sve je lako kad si mlad – live, Suzy, 1989.
  2. Zabranjeni koncert, InterService, 1994.
  3. Božićni koncert, CBS, 1995.
  4. 20 godina, CBS, 1997.
  5. Dom Sportova 2004., Dallas Records, 2004.
  6. Best of – live, Dallas Records, 2009.
  7. XXX godina, Croatia Records, 2009.
  8. XL World Tour Finale, Загребски стадион, 2019.
  9. 30 Godina od Koncerta na Trgu, Загребска арена, 2020.

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
  • Повелба на Република Хрватска 2019[6]
  1. Stranice sastava Prljavo kazalište Архивирано на 12. srpnja 2011.. – Životopis sastava
  2. Stranice posvećene sastavu Prljavo kazalište Архивирано на 29. siječnja 2009.. – Životopis sastava
  3. Discogs.com.Recenzija albuma Korak od sna
  4. Crorec.Prljavo kazalište – životopis
  5. Rirock.com.Tajno ime, novi album 30. godišnjeg Prljavog kazališta – Objavljeno 3. studenog 2008.g.
  6. „Predsjednica Republike Hrvatske“. Архивирано од изворникот на 18. listopada 2019. Посетено на 18. listopada 2019.. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)