Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.022 статии на македонски јазик и 346 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 3 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1098  Прва крстоносна војна: Крстоносците го зазеле градот Антиохија.
1326  Потпишан Договорот од Новогород со кој се дефинирани новите граници помеѓу Русија и Норвешка.
2006  Црна Гора и формално објавува независност од Србија, со што завршува нивното 88-годишно живеење во заедничка држава.

Родени:

1664  Рахел Раус — холандска сликарка.
1726  Џејмс Хатоншкотски природонаучник, геолог, физичар и хемичар.
1881  Михаил Ларионов — руски сликар.
1897  Мемфис Мини — американска блуз музичарка.
1910  Полет Годар — американска филмска и театарска глумица.
1925  Тони Кертис — американски глумец.
1926  Ален Гинсберг — американски поет.
1932  Сандро Гамба — италијански кошаркарски тренер.
1939  Ијан Хантер — англиски рок-пејач.
1942  Куртис Мејфилд — американски соул и фанк музичар.
1950  Сузи Кватро — американска рок-музичарка и глумица.
1960  Јасенко Хоура — хрватски рок-музичар, член на групата Прљаво казалиште.
1964  Кери Кинг — американски хеви-метал музичар.
1980  Јоанис Тамуридис — грчки велосипедист.
1982  Елена Исинбаева — руска атлетичарка.
1985  Лукаш Пишчек — полски фудбалер.
1986  Рафаел Надал — шпански тенисер.
1992  Марио Геце — германски фудбалер.
1995  Карл Конан — француски ракометар.
1996  Лукас Клостерман — германски фудбалер.
2002  Јан Коуто — бразилски фудбалер.
2005  Дезире Дуе — француски фудбалер.

Починале:

1626  Нектаријохридски архиепископ.
1844  Луј XIXкрал на Франција.
1875  Жорж Бизе — француски композитор.
1899  Јохан Штраус Помладиот — австриски композитор.
1924  Франц Кафка — чешки писател.
1963  Назим Хикмет — турски писател и револуционер.
1963  Папа Јован XXIIIримски папа.
1964  Франс Емил Силанпе — фински писател.
1977  Роберто Роселини — италијански режисер.
1985  Димче Зографски — градоначалник на Скопје.
1996  Питер Гленвил — англиски глумец и режисер.
2000  Христо Георгиевски — македонски поет.
2000  Мертон Милер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1990 година.
2001  Ентони Квин — американски глумец.
2016  Мухамед Али — американски боксер, трикратен светски првак.
2023  Трајче Ѓоргиев — македонски глумец.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Дрвени полици со грицки и колачи во Токио.
Дали сте знаеле...


Сатуа на божицата Хигија
Сатуа на божицата Хигија


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.022 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич